АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Врие од кучиња скитници во Струга, а „надлежни“ нема за решавање на проблемот!

Се погорлив станува проблемот со кучињата скитници , особено во Струга и струшко. Ги има буквално насекаде, од централното градско подрачје па се до периферијата.  Се поактуелен станува проблемот и во приградските населби кои се околу Струга каде бројни кучиња се носат и истовараат тука.

Очевидци за нашата редакција потврдија дека со камион пред извесно време биле испуштени оголем број кучиња на периферијата кои пополека дел останале во селските средини а дел допатувале до центарот на Струга.

Надлежни институции во нашата држава очигледно нема, ниту пак имаа слух за било каков проблем да им се предочи или пак да се потрудат да најдат некакво решение. Имаат само слух да се придружат кон некој привиден проект од кој ќе извлечат материјална полза, а повторно кучињата ќе  шетаат од едно место кон друго.

Дел од граѓаните проблемот го решаваат со труење на овие животни но дали е тоа соодветен начин, за решавање на проблемот?!