АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Матески: Протестираме за редовна исплата на плата, но и поради незадоволството од продлабочувањето на проблемите во Поштата

Вработените во Македонска пошта, од денеска започнаа со предупредувачки протест во траење од половина час, незадоволни од продлабочувањето на проблемите во Поштата, опасноста за зачувување на работните места, нередовната плата, лошата организација на работа, како и супстандардните услови за работа.

Поради законските прописи и неможноста да се организира штрајк за време на работно време, истиот се организира за време на паузата, која е со закон загарантирана.

– Протестот започна денеска за време на паузата определена во подружницата и ќе трае до исполнување на барањата, потенцираат од Синдикатот на Македонска пошта.

видео: Охрид 1