АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Маникулт – гимназијалците иницираат, креираат, реализираат

Што е Маникулт ?

Маникулт е еднодневна хуманитарна манифестација во која нашите гимназијалци ќе ги покажат своите квалитети, умешност и вештини. Низ текот на целиот ден нашето училиште ќе се претстави со повеќе активности со кои ќе ја подигнеме културната свест, ќе оставиме простор на нашите ученици да се претстават во најдобро светло, а и со тоа ќе помогнеме некому.

Ве покануваме да не посетите и да го проследите нашиот настан кој ќе се одржи во четврток (20.10), од 10 до 19 часот, во Гимназија ОСУ “Климент Охридски” – Oхрид.

Во прилог можете да ја погледнете агендата за денот на настанот.

 

 

Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид