сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охриѓани најмногу патувале кон Виена од охридскиот аеродром

На охридскиот аеродром, за 9-те месеци од 2022 година, најфреквентна дестинација за патување е Виена со 17,9% пазарен удел, потоа Базел (15,4%), Цирих (13,9%), Малме (10,3%), Меминген (10,2%), Амстердам (9,2%), Фридрихсхафен (8,7%), Дортмунд (7,8%), а останатите дестинации се со пазарен удел од 1,4%.

Како што информираат од ТАВ Македонија, зимскиот распоред на летови 2022/2023 година на двата македонски аеродрома ќе почне на крајот од октомври и според досегашните информации од авиокомпаниите, нема да има значителни промени во бројот на дестинации.

„Летовите на релација Скопје-Измир кои летово беа пуштени како сезонски, ќе продолжат во текот на целата година, а на оваа релација лета Пегасус ерлајнс. Дополнително, полската авиокомпанија ЛОТ којa по ковид-19 ги обнови летовите од Скопје до Варшава во јуни годинава, ќе продолжи да лета до полската престолнина, која е добра точка за трансфер кон Северна Америка, исто како што се и Истанбул и Виена од македонскиот главен град. Речиси сите дестинации што ги имаа двата македонски аеродрома пред кризата со ковид-19, сега се вратени, освен авиолиниите за Доха и Дубаи од скопскиот аеродром. ТАВ Македонија работи на враќање на овие две дестинации, бидејќи истите беа добри за трансфер за македонската дијаспора во Австралија и Нов Зеланд, како и поврзување за патниците кои патуваат во Јапонија, Кина, Индија и егзотичните дестинации на Истокот“, објаснува Батак.

Авиолиниите што беа воведени во услови на пандемија на ковид-19 во 2020 и 2021 година, Москва и Санкт Петербург од Nordwind и Киев со Windrose, запреа со почетокот на војната Русија-Украина во првиот квартал оваа година. Друга авиолинија која беше оперативна само два месеца годинава, беше рутата Скопје – Софија на бугарската авиокомпанија GullivAir, која почна во март, а запре на крајот на мај.

Во моментов, 15 авиокомпании летаат од Меѓународниот Аеродром Скопје (Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet, Corendon, Air Cairo, EnterAir, Sunxpress) до вкупно 43 редовни и 4 сезонски дестинации.

Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, 8 авиокомпании (Wizz Air, Edelweiss, Chair Airlines, TuiFly, LOT, Germania Flug, Arkia) летаат до вкупно 12 дестинации, вклучувајќи ги редовните и сезонските.

ТАВ Македонија