АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Без вода неколку улици во Охрид поради дефект на водоводната мрежа

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: “Питу Гули”, “Егејска”, “15ти Корпус”, дел од “Железничка”, дел од С.Лескоец, горно Лакочереј и населбата Црногорци.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата, информираат од ЈП Водовод Охрид.