Жителите на населбата „Мислешевски пат“ во Струга реагираат на состојбата во која се наоѓа нивниот пат. Како што велат патот бил ископан пред две недели од страна на екипи на ЕВН и оставен е подолг период да стои така, а неодамнежните врнежи од дожд допринесоа улицата да биде во вода и кал.
- Поминати се веќе две недели откако почнаа да копаат од ЕВН. Така го остадоа патот раскопан да неможе да се помине. Децава не можат да одат на училиште,нема каде да поминат а да не цанат во кал. Претходно барем бече со чакал тампон и немаше кал. Институциите да реагираат. Ова се наоѓа на „Мислешевски пат“, велат мештаните во својата реакција на ФБ.
Тие бараат решавање на овој проблем со цел полесно поминување по патот.
VOX Struga