Овој есенски период е добредојден за шира, после ставањето на грозјето во правњето вино. Стар охридски рецепт е пељте кое се добива од првиот продукт на грозјето пред тоа да стане вино, а тоа е ширата, која е многу блага и вкусна за пиење.
Во продолжение ви го носиме старинскиот охридски рецепт на подготовка на пељте.
Еден литар шира ја прецедуваме и ставаме во тенџере да зоврие. Полека се отпенува при вриењето па повторно се прецедува. Прецедената шира се враќа на оган и загрева а во подлабок сад промешуваме 150гр нишесте со неколку лажици шира (слично како за припрема на растворање на пудинг).
Отако ќе биде изедначена смесата со нишестето ја туриваме полека во садот кој е на оган со ширата и мешаме постојано за да не настанат грутчиња. Кога ќе ја добие саканата густина се трга од огнот и се промешува повремено за да не фати кајмак.
Полека се става во помали садови , чаши или здели и згора се украсува со јатка оревче, или по желба.