АктуелноОхрид

Охриѓанец бесправно оградил државно земјиште во охридското село Орман – заработи кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55 годишен жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, во период од 2021 и 2022 година, бесправно оградил државно земјиште во охридското село Орман каде посеал јачмен и насад од орев на вкупна површина од 7.368 метри квадратни. Земјиштето го обработувал без да поседува важечки склучен договор за закуп со надлежен државен орган.

Извор: СВР Охрид