АктуелноОхрид

Членови на ДУИ од Охрид се приклучиле кон „огнената група“ во ДУИ

Членови на ДУИ од Охрид и други места се приклучиле кон „огнената група“ во партијата ДУИ со исти барања и забелешки во однос на улогата на Артан Груби и празните партиски тела, јави Тв Алсат.

Со тоа бројот на „огнените“ во ДУИ се зголемува, но сепак е неизвесно нивното учество на денешниот совет во Мала Речица.

Изет Меџити, Муса Џафери, Невзат Бејта и Блерим Беџети вчера не учествувале на консултативната средба свикана од лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ова се толкува како можен старт на отворено фракционерско дејствување во рамките на ДУИ, а не враќање во стадото, како што се очекуваше по нивната неодамнешна средба со Ахмети.

Членовите на „огнената група“ се незадоволни и од тоа што не се разговара за иднината на партијата, за промени, за нови личности со интегритет… Бараат и отчет од членовите на власта, на чело со вицепремиерот Артан Груби и другите министри на ДУИ.

На 24-ти септември истакнати членови на ДУИ во отворено писмо напишаа дека во последниве две години партиските органи не се активни, одлучувањето стана индивидуална сопственост, и дека не се веќе добро организирана и структурирана партија… На писмото испратено до Али Ахмети, меѓу другите потпишани се и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Башким Хасани, Ејуп Адеми, Камил Ковачи, Аднан Ејуп…

 

alsatm