АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области

Денес со пригодна свеченост во просториите на некогашната касарна го отворивме Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади.
Денешниот ден ме исполнува со искрена радост, затоа што успеавме по подолго време, конечно да го отвориме Младинскиот Културен Центар во Охрид. Ова покажува дека како Локална власт, покрај законските обврски, ние искрено сме посветени да го подобриме животот на младите.
Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман.
Во името на Општина Охрид упатувам искрена благодарност до ЈУ ЕС ЕЈД, за несебичната помош и поддршка за реализација на овој проект и до Младинската организација СЕГА и извршниот директор Зоран Илиески за нивниот ангажман.
Ве уверувам дека во Општина Охрид, Младинскиот Центар, секогаш ќе има доверлив партнер и поддржувач на сите активности.
Коалицијата на младински организации СЕГА во наредниот тригодишен период ќе раководи со центарот.
Свеченоста беше збогатена со музички перфоманс на Арбен Бајрам и Христијан Томевски и изложба на фотографии од Анастасија Стојаноска, Никола Ставрески, Ива Јовановиќ, Ана Марија Момировска и Христијан Јанкуловски.
-напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.