Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска ќе биде отворена канадската компанија „Магна Мирорс“ која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот.
На официјалното отворање најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи и директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, а ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и претставници на менаџментот на компанијата.
„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти.
nezavisen.mk