АктуелноОхрид

Спиеше кај библиотека, кај Чинарот, а сега на Кејот – физиолошки потреби врши во Езерото, дали институциите не гледаат?

Лице добро познато на охриѓани и на институциите се смети на градскиот Кеј, а физиолошки потреби врши во Езерото пред очите на минувачите. Охриѓани реагираат дека негови лични работи се поставени до самиот ѕид на кејот. Тие раскажуваат дека лицето навечер пали и оган, а траги од огнот имало и денеска.

Ова лице им е добро познато на Охриѓани. До неодамна спиеше до фонтаната на плоштадот Чинар, а претходно долго време го гледавме и кај Градската библиотека.

Охриѓани често го пријавуваат во СВР, затоа што истото лице знае да биде и насилно.

Останува нејасно прашањето зошто ниту една институција во државава неможе да се погрижи за овие лица?
Доаѓа зима, човечки е да се згрижат оние лица кои имаат потреба за топла просторија и храна.
Наодамна од СВР ни изјавија дека точно е дека за ова лице има повеќе пријави, но полицијата освен да го опомени и отстрани на кратко неможе да направи ништо друго. Значи товаторот за овие лица паѓа на министерството за труд и социјална политика. Но прашуваме, дали тие не ги гледаат овие лица, за кои знаеме дека од овој тип има и во други градови низ Македонија, или пак???

 

извор: Охрид 1