АктуелноНаш ИзборНаш избор

(ВИДЕО) Донев: Сите знаеме колку згради се изградени а ние финкционираме со истиот водовод и со истата канализација од 50-та година кога Охрид беше пет пати помалку од сега

На денешната седница на Советот на општина Охрид , во своето обраќање од страна на претседателот на Советот Сашо Донев, се осврна на сметките кои ги добиле јавните претпријатија во општината. Конкретно се осврна на ЈП Водовод кој како што рече процентот на загуба на ова јавно претпријатие е загуба на ниво на цела држава не само на општината.

-Датраената инсталација во која не се инвестирало со години. Сите знаеме колку згради се изградени а  ние финкционираме со истиот водовод и со истата канализација од 50-та година кога Охрид беше пет пати помалку од сега. Но не навлегувам во политика и затоа сега се доведуваме во ваква ситуација, истакна Донев.