АктуелноОхрид

(ФОТО) Екипи на ЈП Нискоградба секојдневно работат на отстранување на дефекти на целата територија на општината

ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, континуирано и посветено работи на одржување на примарната и секундарна канализационна и атмосферска мрежа во општина Охрид. Екипи на одделението за фекално и атмосверско одржување секојдневно работат на отстранување на дефекти на целата територија на општината.
Денес имавме реакција на граѓанин кој живее на ул Галичица во однос на проблемот кој го имаат жителите на тој потег но мораме да ги информираме граѓаните дека во мометтов состојбата се држи под контрола , на луѓето без надоместок им се дадени пумпи за нормално функционитрање до отпочнување на реконструкцијата на канализационната линија. Ова се слики направени денес од наши екипи кои редовно вршат контрола на терен . Јавното претпријатие работи само, и само во интерес на граѓаните, информираат од ЈП Нискоградба Охрид.