АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Нова фекална канализација на улица „Даме Груев“

Денеска започнаа градежните активности  за поставување нова фекална канализација на улица „Даме Груев“ на потегот кај Старото кино.  Вредноста на проектот е 900 000 денари и е дел од годишната програма на Секторот  за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.

Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга и истите се очекува да завршат за десеттина дена.

 

 

општина Охрид