АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Хакнати компјутерите во ЈП Градски Пазар, менувани износи на фактури

Од страна на раководството на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР во Полиција пријавено било дека е извршен своевиден хакерски упад во компјутерските системи на претпријатието и дека цел на упадот било да се менуваат износи на факури издадени кон должници на претпријатието – дознава „Охрид 1“.

Како што дознаваме полициски инспектори биле во просториите на претпријатието и извршиле разговори за повеќе вработени, а ќе се вештачат и компјутерите на претпријатието.

Неофицијално, се работи за фактури чии износи се намалувани по неколку илјади денари.