На автопатот Кичево – Охрид кај селото Подмоље се асфалтира дел од патот на една коловозна лента. Граѓаните скоро да изгубија надеж дека некогаш овој автопат ќе се догради бидејќи се гради повеќе од 8 години. Надежта е дека барем ќе се изгради до Подмоље и аеродромот, а за остатокот до Кичево никој повеќе и не размислува.