АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Фудбалски турнир „Охридски фудбалски надежи“

Утре и задутре (1-2.10.2022) на големиот терен при СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи младински фудбалски турнир „Охридски фудбалски надежи“ со почеток во 9:00 часот.
Настанот за првпат се одржува годинава под покровителство на градоначалникот Кирил Пецаков и во организација на Општина Охрид и Сојузот на училишни спортови.
На турнирот ќе учествуваат 550 деца од генерацијата 2010-2015 од Охрид и регионот групирани во 36 екипи од охридските училишта, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.