Конгресите ни помагаат да согледаме до каде сме стигнати со развој на научната мисла , научно- истражувачката работа на медицинската пракса кај нас во однос на земјите кои се учесници на вакви конгреси.
Тоа го покажа и денешниот настан Конгресот на дерматовенеролози. Овој собир претствува значаен настан дотолку повеќе што учествуваат голем број доктори, универзитетски професори, членови на Академии од регионот и Европа.
Особена чест ми претставува што овој научен собир се одржува токму во Охрид. Охрид можеби е најидеалниот град за организирање на вакви настани, бидејќи тука може да направите симбиоза помеѓу учењето и уживањето во раскошните убавини кои природата несебично ги распослала во Охрид, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.