АктуелноОхрид

(ФОТО) 40 години постоење, раст и развој на ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид

40 години постоење, раст и развој, во чекор со модерната кардиологија во светот, во служба на илјадници пациенти од целата земја одбележува ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Свеченоста се одржа вечерва во катедралната црква Св. Софија.

Инаку денеска во Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, беше инсталиран и пуштен во употреба нов и најсовремен ангиограф.
– Со овој ангиограф се унапредува квалитетот на здравствените услуги на одделот за интервентна кардиологија и за таа цел обезбедени се средства од Министерството за здравство во износ од 30 милиони денари, кажа министерот за здравство во Владата на Република Македонија Беким Сали при денешната посета на оваа установа.

Посетата на оваа болница е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на срцето, кој годинава се одбележува под мотото „Користи го своето срце за сите други срца“, потенцирајќи ја важноста од редовни прегледи со цел превенција и навремено откривање на кардиоваскуларните заболувања.

фото: Охрид 1