АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа – повредена 19-годишна охриѓанка на велосипед

На 27-ми септември 2022 година, во 21:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19:00 часот, се случила сообраќајна незгода, на кружната крстосница од улиците „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“, „Железничка“ и „Ристо Чадо“ во Охрид.

– Патничко моторно возило марка „Шкода октавија“, управувано од страна на 54-годишен охриѓанец, удрило во велосипед управуван од 19-годишната Охриѓанка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедиската констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот.

извор: СВР Охрид