АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

После многу векови, за прв пат годинава Света Литургија во трокорабната базилика на Пресвета Богородица во Враништа

Почитувани благочестиви и богољубиви,по повод претстојниот празник Рождество на Пресвета Богородица-Мала Богородица на ден 21.09.2022 година Среда.
После многу векови за прв пат ќе се отслужи Света Литургија во најстарата трокорабна базилика на две води, во Р.Макединија во храмот Пресвета Богородица (кај гробиштата)во с. Враништа од 8.00 часот. Затоа ве повикувам кој што сте во можност на ден 20.09.Вторник во 16.часот да дојдете да ја исчистиме црквата како би создале минимални услови за непречено богослужење.Исто така масовно ве повикувам да се собереме во што поголема бројка на самиот празник.
Пресвета Богородице спасине нас!
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.