АктуелноОхрид

Пецаков: Особено бев почестен, пред се како стоматолог што имав можност да се обратам на 9-от Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со интернационално учество

Вечерва присуствував на 9. Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со меѓународно учество.
Особено бев почестен, пред се како стоматолог што имав можност да се обратам на 9-от Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со интернационално учество и да им посакам топло добредојде во нашиот убав град, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Верувам дека во наредните денови ќе бидат разменети искуства и познавања, ќе се разгледуваат последните клинички истражувања во стоматологијата и ќе се разгледуваат најновите надградби на стоматолошките водичи кои промовираат нови методи. Бидејќи сето тоа води кон подобрување и унапредување на услугите кои како стоматолози ги даваме на пациентите.

извор: ФБ Кирил Пецаков