АктуелноОхрид

Пецаков оствари средба со Дејан Трајанов – Чеде , добитник на златен медал за подготовка на пица, сребрен за паста и златен медал за апсолутен победник

На мое големо задоволство денес остварив средба со Дејан Трајанов – Чеде ( Dejan Trajanov-Cede ) , кој на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освои златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник. Му честитам за постигнатиот успех, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Општина Охрид ќе го поддржи за претстојниот наптревар во Република Бугарија, кој треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија.

извор: ФБ Кирил Пецаков