Со задоволство ве информирам дека од денес нашата етничка заедница за прв пат доби свој претставник во Управниот одбор на градинката Јасна Ристеска, напиша на својот ФБ профил Орхан Демироски.
Во објавата Демироски додава:
Со одлука на Советот на општина Охрид со 17 гласа “ЗА” и 3 гласа воздржани оваа чест ми е доделена мене и можам да кажам дека тоа што сум прв Египќанец во историјата на овој Управен одбор ми дава уште поголем мотив да продолжиме со работа за подобрувае на статусот на нашата заедница во градот Охрид.Благодарност и до Градоначалникот на Општина Охрид Pecakov Kiril за поддршката што ја дава кон нашиот народ во Општина Охрид.
Одиме понатаму во нови победи !
Охрид е и наш град !
Да живее Охрид, да живеат Египќаните.
извор: ФБ Орхан Демироски