вторник, ноември 19, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ЗП Охрид и Дебарца домаќини на 26.Републички пензионерски спортски натпревари

Утре ЗП Охрид и Дебарца ќе биде домаќин на 26. Републички пензионерски спортски натпревари кои ќе се одржат во СРЦ „Билјанини Извори.“ Организатор на настанот е Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а ќе настапат вкупно 280 пензиоери во повеќе деисциплини, од вкупно 38 пензионерски здруженија.

Спортските пензионерски игри за отворени ќе ги прогласи претседателот на Владата Димитар Ковачески, а свои обраќања ќе имаат и Министерката за култура  Јованка Тренческа , како и претседателката на СЗПМ Станка Трајкова.

Настанот ќе биде дополнително збогатен и со музичка програма која ќе биде во ресторанот „Билјанини Извори.“