АктуелноОхрид

СВР со зајакнати контроли – затекнати пет возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

На 09/10.09.2022 година од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале пет возачи на моторни возила кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

извор: СВР Охрид