Благодарение на локалната самоуправа на Охрид годинава ќе се одржи 35. издание на Охридскиот пливачки маратон, скоро се е подготвено за негова беспрекорна реализација. На охридскиот кеј утрово се поставуваат и последните потребни елементи за негово целосно одржување.
И покрај тоа што годинава изостана редовниот термин на одржување на оваа охридска традиција, на крајот од месец август, сепак маратонот успеа да се спаси во последен миг од страна на општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков. со претседателот на Советот Сашо Донев, каде се исгласа од страна на Советот , општината да ги превземе сите ингеренции за негово целосно одржување.