Со мотивациското предавање на музичкиот педагог Стефан Шмидт (Stefan Schmidt ) од Германија, што го одржа пред учениците и професорите од нашата Гимназија, заврши Летната гитарска Академија. Оваа Академија се одржуваше во просториите на Гимназијата од 1 до 6 септември. Во организација на Здружението на класични гитаристи Тремоло-Скопје пред ученици и студенти од Србија, Македонија и Хрватска беа одржани мастеркласи и предавања за солисти и педагози. Предавањата ги одржаа музичките педагози Стефан Шмидт ( Stefan Schmidt )од Германија, Зоран Аниќ од Србија и Дарко Багески од Македонија . За крај на оваа Летна гитарска Академија пред нашите ученици и професори, младите учесници одржаа целовечерен концерт во просториите на училиштето. Одржувањето на оваа Академија во просториите на нашето училиште беше можност за нашите ученици да се запознаат со исклучителни музички педагози и се надеваме дека нејзиното одржување ќе прерасне во традиција.
Гимназија Охрид