АктуелноОхрид

На пригодна свеченост претставени пливачите кои ќе учествуваат на 35то издание на Охридскиот пливачки маратон

На пригодна свеченост вечерва, пред охриѓани и гостите ги претставивме пливачите кои ќе учествуваат на 35то издание на Охридскиот пливачки маратон. Во машка категорија ќе се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓаАрне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинашниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај сите искушенија, кој и покрај сите потешкотиите со кои се соочуваше, ќе се одржи в сабота.
Охридскиот пливачки маратон не би опстоил сите овие години доколку тука не биле плејада заслужни охриѓани кои го поддржувале, афирмирале и помагале. А наша задача како млади генерации е да го почитуваме нивното дело. За таа цел вечерва Општина Охрид додели благодарници за маратонците, кои дале придонес во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, Дики Бојаџи, Ристе Савин и Насте Јончески. Постхумно благодарници беа доделени и на Климе Савин, Леко Радиќ, Славе Филев, Нико Нестор и Атина Бојаџи.
Во рамки вечерашната манифестација беа промовирани фотографии од првиот пливачки маратон организирана и документарниот филм „Охридски пливачки легенди“.

извор: ФБ Кирил Пецаков