АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Активности за изградба на ново мултифункционално игралиште во Велгошти

Активноси за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште се одвиваат во Велгошти.
На просторот од старото игралиште се гради ново мултифункционално спортско игралиште. Во моментов се врши расчистување на теренот, а потоа следува санација на ѕидовите, поставување на нова ограда и поставување на нови реквизити.
Нашата цел е овозможување на вистински можности за правилен раст и развој за најмладите. Со реализацијата на ова игралиште ќе ги поттикнеме и активираме младите да се дружат и да развиваат здрави навики, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.