UncategorizedАктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

ТВ21: Автопатот Охрид-Кичево до никаде, кога ќе профункционира оваа делница?

-Се наоѓаме на автопатот Охрид-Кичево, кај местото Требеништа во близина на аеродромот во Охрид. Овој дел од автопатот требаше да биде пуштен во употреба на почетокот на август. Ова го најави самиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, но како што може да се види, иако влеговме во септември, оваа секција не е во функција. Но, не само што не е пуштена, туку веќе не се ни работи интензивно, како што најавуваше своевремено министерот, вели репортерката на ТВ21, Салије Садику.

Согласно плановите на министерот Бочварски, овој дел од автопатот уште пред еден месец требаше да биде функционален. Имајќи предвид дека помина цел месец, се обративме до Министерството за транспорт и врски, со цел да дознаеме до каде се активностите и зошто автопатот не е пуштен во употреба. Од овој ресор, прстот во вперуваат кон компанијата која ги изведува градежните работи.
-Во однос на вашите прашања Ве информираме дека сите постапки конкретно на Секцијата 5 од Требеништа до Охрид се завршени од страна на Министерството за транспорти врски. Останува сега Изведувачот да ги реализира градежните работи според динамичкиот план. Изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид останува приоритет и Министерството за транспорт и врски заедно со Јавните претпријатие се во постојана координација со Изведувачот и Надзорот заради побрзо завршување и изградба на Секција 5, односно цела автопатска делница, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека на овој дел од автопатот се работи интензивно и дека останале уште 2км неасфалтирани.

-До овој момент се пробиени околу 95% од целата траса, а процентот на реализација на работите на делот кај Требениште-Подмоље е 75%, односно остануваат уште 2 км да се доасфалтираат. Имаше оправдани причини кои ја успорија работата, но со моментално засиленото темпо на работа се очекува забрзување на процесот, велат од Јавното претпијатие за државни патишта.

Ниту од Министерството, ниту од Јавното претпријатие во своите одговори не открија детали -кога ќе профункционира оваа автопатска делница?!

 

ТВ21