среда, ноември 20, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со претставници на Американскиот совет на млади политички лидери

Остварив средба со претставници на Американскиот совет на млади политички лидери кои денеска, беа во посета на Општина Охрид.
На средбата заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот, Александар Китески ги запознавме гостите со
начинот на функционирање на Локалната самоуправа и нејзините надлежности. Исто така им ги презентиравме културно историските знаменитости на градот, како и предизвиците со кои се соочуваме во насока на зачувување на статусот од УНЕСКО.
Во рамки на програмата за размена на Американскиот совет на млади политики лидери, во мај годинава престојував во Соединетите американски држави каде остсврив повеќе средби на кои го презентирав Охрид и неговите знаменитости, напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Пецаков.