АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Капетанот Устијаноски се обрати во јавноста преку ФБ: Наведени се низа невистини, се освен времето на случувањето на настанот

До почитуваната јавност:
Драги пријатели и почитувани сограѓани, во овие сложени моменти за мене и за моето семејство сакам да ви се обратам со молба и сугестија да останете изолирани од тоталните дезинформации што нечесни поединци сакаат да ги пуштат во јавност, особено во момент на очај кога низ цела каша од дезинформации сакаат да замешаат се по ред од службено до приватно. Особено нема да им бидат простени искажувањата кои се допираат до личен живот на поединецот.
Наведени се низа невистини, се освен времето на случувањето на насстанот. Се е апсолутна дезинформација почнувајки од вчерашниот допис на наведениот медиум, а и најголем дел од текстот денес. На овој начин се врши само штета во истрагата и расветлувањето на случајот.
За понатака земам обрска да ве информирам благовремено , пишува во својата објава на ФБ Горан Устијаноски.
ФБ Горан Устијаноски