АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Дали Левица сака да не се одржи охридскиот пливачки маратон!?

Советничката од Левица Охрид, Виолета Аврамоска свесно сака да ја блокира 15 седница на Советот на Општина Охрид со поднесени 80 амандмани по Предлог-Програмата за располагање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

Дали со ваквиот чин Левица сака да не се одржи охридскиот пливачки маратон!?

Зошто ја става во прашање Одлуката за обезбедување финансиски средства за организација на маратонот?

Лицемерно е да кажуваш дека се грижиш за граѓаните, а предлагаш зголемување на минималната почетна продажна цена за само 12 денари и секој нов амандман со покачување за само 1 денар.

Сите знаат дека цената за градежно земјиште ја утврдува Владата на Република Македонија, само Левица свесно и упорно кажува небулози.

Наместо Аврамоска и Левица да манипулираат со народот да се запознаат во целост со Законите на Република Македонија.

Со гласање воздржано и блокирање не може да се грижиш за нарадот, туку само ја злоупотребуваш дадената доверба од граѓаните.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид