недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Пронајдена рачна бомба во езерото кај Св. Наум

Во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во 6:00 часот во водите на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата Св. Наум, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, наведуваат МВР во денешниот билтен.