На патниот правец Дебар – Центар Жупа, од се уште непознати причини на десеттина километри од Дебар се запалил автомобил во движење, но за среќа нема повредени.
Вчера во Одделението за внатрешни работи – Дебар е пријавено дека настанал пожар во патнички автомобил „сеат ибица,“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од Дебар, додека се движел на регионалниот пат Дебар-Центар Жупа, во близина на селото Мелничани, информираат од СВР Охрид.
Нем повредени лица , а во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.
СВР Охрид