петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Годинава нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски

Како што соопштуваат од Кабинетот на Пендаровски, на средбата која се остварила со претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски,се разговарало за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.

Покровител на маратонот е претседателот на државата.

 

pretsedatel.mk