АктуелноОхрид

Полицијата кај 28 годишен охриѓанец пронашла ќесе со марихуана и ќесе со амфетамини и хашиш

СВР Охрид поднесе кривична пријава 28 годишен Охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај пријавениот пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана и ќесе со амфетамини и хашиш.

извор: СВР Охрид