АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Искршени оградата и клупите на летниковците над Велестово

Штетниците, лудаците и деструктивните секојдневно неуморно работат.
Нивното најново “дело” е демолирањето на летниковците кои беа направени на Галичица над селото Велестово.
Во Охрид кој низ европската историја го има статусот на град на просвета, денес живеат нај глупавите генерации кои се истакнуваат со простотија и деструкција која трае со децении и ги носи градот на маргините на денешниот живот.
Добри 15 години наназад се објавуваат вакви стории за деструкција и уништување на јавни добра. На градот очајно му е потребен веидео надзор, кој очигледно надлежните органи задолжени за редот и поредокот не им одговара да биде поставен, бидејќи со тоа ќе ги натера да си ја работат својата работа и да ги санкционираат и процесуираат дивјаците, простаците и малоумниците кои хараат и уништуваат се низ Охрид.