ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија на власт започнавме еден по еден да ги решаваме, а граѓаните тие промени ги гледаат.
Откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со Локалната власт обезбедуваме посовремени услови за прочистување на водата, поквалитетна и поздрава вода за пиење, навремено и квалитетно водоснабдување на граѓаните.
Во однос на проблемите на улица „АСНОМ“ од страна на градежен инспектор изготвено е решение за прекин на изградбата, како и решение за надомест на причинетата штета, додека пак водоснабдувањето е нормализирано.
На лагите и дезинформациите на СДСМ како одговор се нашите дела преку вистинската слика за чист град и секојдневни теренски активности.
Улиците во Охрид добиваат нов лик, а граѓаните подобри и побезбедни услови со кои значително се олеснуваат секојдневните активности.
Граѓаните никогаш повеќе не сакаат опозициската СДСМ Охрид да раководи со Локалната самоуправа и да го враќа години назад градот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид