АктуелноОхрид

Паноски : Ова одамна е постојбина каде напредокот е пропратен со клетви….

Охриѓанецот Дејан Пановски кој долго време беше совеник во општина Охрид и дел од Секретарјатот за заштита на Дримскиот басен со своја ФБ објава за сторениот вандалки чин врз паметниот споменик во Охрид.
Пановски на ФБ напиша:
Anis Sefidanis, PhD пријателе, без сак’лдисвење. Прашање на миг беше кога ова ќе се случи. Ова одамна веќе е постојбина каде напредокот е проследен со клетви, каде умот добива само казна, каде за новата мисла и време се пишти дека е закана, каде вредноста ја оценуваат главите со IQ 60 max. Постојбина во која е врв да се биде понизен, да се уништи нешто вредно, да се закопа нечиј талент, да се убие новото време. Мислиш ли навистина дека некој сфати што всушност ти направи и постави на малиот плоштад?Овде вирее страв од нечиј успех, злоба кон нечие дело, омраза кон нечиј труд, пизма кон таков човек. Ова е удавено општество во сопственото незнање и неписменост. Затоа најомразени се токму оние кои нешто направиле за овој град. Па знаеш и сам дека “nomina sunt odiosa”. Сфаќам позитивно кога ти велат да го поправиш и пак инсталираш делото, но од искуство ќе кажам само немој, попусто, џабе е. Нема за кого или поточно премалку има што ќе сфатат.Ова е преубаво ама проклето парче земја дадено на некои кои не знаат да го сфатат и да го ценат.И кога мене еднаш ме прашаа еднаш “Ајде пак да се бориме”, одговорив кратко “а за кого?”. За кого!
И не е поентата дали ќе ги фатат сторителите, и кои се тие. Не, не е во тоа поентата. Само се лажеме со тоа. Факте дека општеството ни е такво, па бар 99%. Има луѓе што ликуваат за ова. Оној пак еден процент што разбрал е беспомошен, избркан, омразен, исплукан. Се се тоа докази дека овде всушност си ја мразиме Татковината !
Врвен си Професоре во струката и во интелегенцијата ( и твојата и онаа вештачката 🙂 ) напредувај во и со неа на светско ниво. Остави ги овие малограѓанштини, глупавости, омраза и зло нека се изедат меѓусебно. Никогаш немој да дозволиш злото околу тебе да пробуди зло во тебе. И знај дека луѓето се можат да простат, ама дека си успешен и посебни дека си им помогнал, тоа никогаш. Тоа е непростливото, додае Пановски.