На 11.08.2022 во 12.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во Охрид на кружен тек помеѓу ул.“7-ми Ноември“ и бул.“Македонски Просветители“ 32 годишен охриѓанец управувајќи велосипед паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во болницата “Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид