Рано утринава од страна на Локалната самоуправа на улицата „Димитар Влахов“ се отстранува суво дрво кое е во фаза на распаѓање , а претставува потенцијална опасност за околината.
Дрвото е целосно суво, а се наоѓа во таков предел каде има објекти околу него при што може да доведе до поголема штета во случај на ветар или невреме. Оставено е така веќе неколку години, каде граѓани подолго време се жалеле дека може да падне, па сега надлежните екипи од општината тоа го санираат.