АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Изгаснат целосно пожарот на потегот Вапила- Расино-Сирула

Пожарот што избувна по удар на гром во нива на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите, информира командирот на Територијалната против пожарна единица – Охрид, Борко Јанкулоски.

 

 

Според него, Охридската пожарна е на терен со три возила и 10 пожарникари, а распоредени се и екипи на Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и доброволци.

 

 

– Пожарот е ставен под котрола. Се надевам дека во текот на денот ќе биде изгаснат. Не постои опасност од зафаќање на куќи, изјави Јанкулоски.

Според јавното претпријатие Национални шуми, зафатена е поголема површина нискостеблеста дабова шума, а направената штета дополнително ќе ја проценуваат.

– Во моментот пожарот е ставен под контрола, но на терен остануваат дежурните екипи до негово целосно локализирање. Вкупната зафатена површина и направената штета дополнително ќе се проценуваат, соопшти Национални шуми.

 

nezavisen.mk