АктуелноОхрид

Решавањето на проблемот со дивите продавачи е во заплена на камионите

Проблемот со дивите продавачи кои во летниот период ги има речиси низ цел град, се провлекува долги години.

Освен што ги окупираат тротоарите и улиците и со тоа ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, тие се и нелојална конкуренција на пријавените продавачи.

Често и граѓаните се жалат на нехигиената околу просторот каде се стационирани овие продавачи.

Во повеќе наврати имало обиди за решавање на проблемот, но тој и понатаму е присутен. Општинските инспектори се немоќни. Пишуваат казни кои се минимални, 40 евра во денарска противвредност, која доколку се плати во рок од 8 дена, изнесува 20 евра.

Полицијата има исти ингеренции како и комуналниот редар. Доколку констатира прекршок издава казна во износ од 40 евра, во денарска противвредност, може да го заплени возилото и производите, но поради тоа што нема депо во Охрид, треба да се испрати во Скопје.

Се поставува прашањето, зошто полицијата не ги заплени возилата?

 

ohrid24.mk