На 07.08.2022 во 18.30 часот, во СВР Охрид, пријавено е дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, пред селото Трпејца, лице на (45) години од Скопје, управувајќи велосипед, паднал на коловозот.
Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.
СВР