АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Лице од прилепско украл пари од сместувачки објект во Охрид

На 07.08.2022 година во 12.45 часот полициски службеници од СВР Охрид  лишија од слобода  лице на  (51) година од прилепското село Големо Коњари.

По пријава од малолетник од прилепското село Големо Коњаре, тој бил затекнат непосредно по извршена кражба на пари од сместувачки објект во Охрид.

Парите се пронајдени и вратени на оштетениот, а против сторителот, кој е приведен во полициска станица, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР