АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

35 години Вевчански непокор

Oваа година се навршуваат 35 години од „Вевчанскиот случај“ или  вевчанскиот непокор.

По тој повод предвидени се неколку настани за одбележување на оваа значаен ден за Вевчани.

Во мултикултурниот центар ќе биде отворена ликовна изложба „Вевчанските уметници, од Вевчани за Вевчани“ од уметниците Никола Угриноски, Аница Китаноска, Марјана Костојчиноска Узунчева, Перо Шутиноски, Симун Лешоски, Коста Костоски, Симун Коруноски.

Додека пак пред платото на општината под мотото „35 години од вевчанскиот случај  “- „Никваш да не се повторит, никваш да не се заборајт“ ќе имаат пригодно обраќање од страна на претставници на општината.