ОхридПолитика

ОО СДСМ: Кој лаже сега, Господине Божиновски ?

Господине Божиновски,
функцијата советник не подразбира изнесување чувства во облик на проза и поезија, не подразбира легитимитет за омраза, туку говорење врз основа на аргументи. Како советник и координатор на советничката група на ДПМНЕ , Ваша обврска и должност е да ги прочитате точките кои се на дневен ред и да запамтите што сте им ветиле на граѓаните.
За да ја разберете одлуката за измени и дополнувања на буџетот на Општина Охрид , се очекува од Вас претходно веќе да ги знаете програмите во кои што сте ги навеле програмските активности и сте ги предвидувале средствата, се вели во објавата од ОО СДСМ.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2022 година СЕ НАМАЛУВА вкупниот износ од предвидените 169.600.000,оо денари на 143.350.000,оо денари или ако пресметавте евидентно намалување на средства од над 26.000.000 денари. Ова е јавно достапно господине Божиновски во ” Службен гласник„ бр. 8 од 01.08.2022 година, односно видно од слика бр.1.📌
За да ја разберете оваа Програма за измени и дополнувања претходно, пак, требаше да ја прочитате Програмата за уредување на градежно земјиште која е составен дел на Буџетот на општина Охрид за 2022 година. Токму таму на граѓаните им ветивте партерно уредување на плоштад „ Крушевска Република „ во износ од 30,000,000.00 денари и Партерно уредување на парк кај споменикот на Ден Долард во износ од 2,500,000.00, денари. И овие податоци не се измислени, Господине Божиновски, туку се јавно достапни и за граѓаните и објавени во „ Службен гласник„ бр. 17 од 30.12.2021 година, односно видно од слика бр. 2. 📌Со самото тоа што овие активности се составен дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2022 година значи дека на граѓаните СТЕ ИМ ВЕТИЛЕ да ги реализирате во 2022 година.
Ве потсетуваме дека реконструкција на Домот на култура во с. Лакочереј и на оној во нас. Радојца Новичиќ е Ваше ветување кое сте го ставиле на лист хартија во Програмата за култура за 2022 година и се очекува истото да се реализира токму во годината за која сте ветиле.
Крајно време е да престанете да се однесувате како опозиција и да покажете зрелост во реализирање на ветеното, на што се однесуваат и нашите забелешки. Сега вие сте на власт, а опозицијата е должна да биде вашиот коректор и да бара да го исполните она што сте го ветиле пред граѓаните.
Друг пат пред да се дрзнете да обвинувате дека опозицијата изнесува лаги, добро е доколку сте заборавиле што сте ветиле, бар да ги прочитате податоците кои сами ги составувате и јавно ги објавувате пред граѓаните.
Кој лаже сега, Господине Божиновски ?

извор: ОО СДСМ Охрид